Се бара концесионер за Македонско село

Bez autora
Oct 10 2013

Финишира изградбата на туристичкиот комплекс Македонско село што се гради над скопско Нерези. Според владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев, градежните работи треба да се завршат до крајот на годинава, а во употреба ќе се пушти на почетокот на 2014 година. До завршување на комплексот Владата ќе спроведе транспарентен процес на изработка на бизнис-модел за стопанисување и управување со туристичкиот комплекс Македонско село, бизнис-модел кој ќе биде содржан во документацијата за постапката за концесија која понатаму ќе биде распишана согласно закон. Нашата цел е во изготвувањето на бизнис моделот да бидат вклучени сите заинтересирани субјекти, бизнис заедницата, стопанските комори, туристичките и угостителските работници, хотелиерите и општата јавност.

Се бара концесионер за Македонско селоФинишира изградбата на туристичкиот комплекс Македонско село што се гради над скопско Нерези. Според владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев, градежните работи треба да се завршат до крајот на годинава, а во употреба ќе се пушти на почетокот на 2014 година.

- До завршување на комплексот Владата ќе спроведе транспарентен процес на изработка на бизнис-модел за стопанисување и управување со туристичкиот комплекс Македонско село, бизнис-модел кој ќе биде содржан во документацијата за постапката за концесија која понатаму ќе биде распишана согласно закон. Нашата цел е во изготвувањето на бизнис моделот да бидат вклучени сите заинтересирани субјекти, бизнис заедницата, стопанските комори, туристичките и угостителските работници, хотелиерите и општата јавност - вели Ѓорѓиев.

За потсетување, во тек јавен повик за пројавување на интерес за стопанисување и менаџирање со комплексот Македонско село и заинтересираните можат до Министерството за економија да поднесат апликација.

- Покрај генералиите на поднесувачот, апликацијата треба да содржи краток историјат и минато искуство, концепт за управување, работење и одржување на оваа туристичка атракција. Апликацијата, историјатот на апликантот и концептот за менаџирање и стопанисување на комплексот (максимум 3 страници), како и копии од последниот годишен извештај (доколку станува збор за правно лице) треба да се поднесат до Министерството за економија заклучно со 18 октомври 2013 година - вели Ѓорѓиев.

Од следната недела ќе започне втората фаза од презентација на проектот и од прибирање на идеи, мислења, сугестии, модели, визии за функционирање на комплексот Македонско село, што ќе опфаќа презентација на проектот пред стопанските комори, туристичките, угостителските, хотелиерските работници, и останатите национални и локални заинтересирани стопански субјекти.

Комплексот Македонско село се простира на површина од 12.194 квадратни метри каде се наоѓаат 12 куќи од разни региони на Република Македонија со други придружни објекти како меана, ан, музеј, сувенирница, портирница, мал амфитеатар, како и дел со селско-стопански содржини, како воденица, валалница, трло, штала, рибник. Дејностите кои би се обавувале во овој комплекс се: туристичка, занаетчиска, хотелиерска дејност за сместување (во сите горни катови од куќите и дел од анот) во вкупен број од 51 соба, угостителска дејност (во меаната и анот), одгледување на добиток во селски објекти - штала и трло (во договор) и одгледување на риби (во рибникот за сопствени потреби на меаната).

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik